Шпанската Примера дивизија има за цел до 2018 година на глобално ниво да достигне гледаност до три милијарди луѓе, со што ќе се израмни со гледаноста на Премиер лигата.
Според зборовите на директорот за меѓународен развој, Касадо, Примера очекува оваа сезона да достигне гледаност од две милијарди луѓе, а тоа е една милијарда повеќе од минатата сезона. Според него „клучна причина“ за овој пораст е попладневниот термин на „Ел Класико“, како и фактот дека Барса и Реал Мадрид своите натпревари во новата сезона ги играат во ударните саботни термини, што најмногу им годи на азиската публика.
Најквалитетниот англиски шампионат веќе долги години е најгледано клупско фудбалско првенство со над три милијарди гледачи годишно, па сега преостанува да видеме дали политиката на шпанската Примера ќе биде успешна и до 2018 година ќе успее ја достигне бројката Премиер лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период