Прва чаша: Шилегов стајл
Втора чаша: Чучер-Сандево
Цела флаша: Победуваме двојно
Личноста на ова недела не ја заслужи престижната титула на оваа рубрика заради политичкиот речник или општествениот ангажман, ами заради една човечка слабост која во политички контекст станува сериозна закана за сите нас.
Сме се нагледале и сме се наслушале пијаници фатени за микрофон и којзнае колку пати сме одмавнвале со раката – пијана работа. Овојапат на „пијаната работа“ не може да ѝ се омавне поради неколку работи, а првата е државната функција на пивнатиот, а втората е политичката сериозност на моментот.
Иако скопскиот митинг на СДСМ не беше шанса Заев и бандата нешто да оправат, секако беше шанса да не ја заплескаат работата до неповрат. И секако, не ја искористија.
Колку луѓе имаше, нека си пребројат, зошто остана Заев сам на толкава бина, нека се запрашаат, што запомнил од реченото народот ќе им прераскаже в недела, но што да правиме со Оливер Спасовски? Оној Оливер Спасовски, кој е генерален секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, оној Оливер Спасовски, кој е носител на листата во втората изборна единица и на крајот оној Оливер Спасовски, кој ни е министер за внатрешни работи. Прв полицаец, Шилегов стајл.
Колку и да е несериозна партијата која има сериозни аспирации за освојување на власта во Македонија на ваков или на онаков начин, главно невозможен, најсериозно не смееше да си дозволи Оливер Спасовски, со сите горенабројани квалификации, да настапи мортус пијан, клен пијан, дрво пијан, флека направен. На скопскиот митинг, пред онолкав број луѓе, пред толку камери.
Срам од вселенски размери.
-Победуваме двојно, заурла Спасовски на микрофонот. Урлањето во микрофон е заштитен знак на СДСМ на овие избори. Во психологијата е израз на немоќ, но настрана, и онака народот се фати зазаплетканиот јазик и двојната перцепција на пијаниот полицаец.
„Се напил да му се гледаат дупло митингашите“, „Да не беше Чучер-Сандево, како ќе знаевме дека Спасовски е на греана ракија“, главно во таа насока се тера мајтапот, а она што не е за мајтапење е многу сериозно прашање: „Во чии раце е нашата безбедност?“. Иронично, безбедноста ни е во сигурни раце, но – буквално – на клекави нозе.
Текстот е објавен во рубриката „Личност на неделата“ во 223 број на неделникот „Република“, кој излезе од печат на 9 декември 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)