| четврток, 6 декември 2018 |

На СП во пливање: Државни рекорди на Богдановски, Чепишевски и Блажевски

На првиот ден од Светското првенство во пливање на 25 метарски базени што се одржува во канадскиот град Виндзор во квалификациите настапија четири македонски пливачи.

Прва стартуваше Анастасија Богдановски која на 200 метри слободно исплива државен рекорд 2:01.27 минути и го освои 31.место во конкуренција на 86 пријавени пливачки.

На 100 метри грбно македонски рекорд постави и Горазд Чепишевски со време 55.98 секунди во конкуренција на 78 пливачи.

Во трката на 100 метри градно Марко Блажевски имаше два рекорда. На „стотка“ имаше време 1:01.38 минута и го освои 53.место, а тој имаше и рекордно време на „свртување“ на 50 метри 28.68 секунди. Во истата дисциплина Дамјан Петровски постигна време 1:06.14 за 81.место во конкуренција на 100 пријавени пливачи.

Утре настап во квалификациите ќе имаат Анастасија Богдановски (100 метри слободно) и Љупчо Ангеловски (100 метри пеперутка).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top