Приказната за 14 годишниот Омар Мартинез е приказна за дете херој. Младото момче по смртта на родителите се грижи за своите сестри. Во училиште неговите врсници го нарекувале октопод поради тоа што на рацете има шест, а на нозете седум прсти.
– Тој е навистина храбро момче, се откажа од училиште за да може да се грижи за семејството. За жал секојдневно слуша навреди токму за бројот на неговите прсти, раскажуваат неговите соседи за британски Мирор.
Омар живее во Ел Салвадор, централна Америка. Се дистанцира од неговите врсници, бидејки не сака да го задеваат.
Докторите велат дека бројот на прстите Омар ги наследил од неговиот татко, оваа состојба во семејството на младото момче е генетски проблем со кој се соочиле и претходните генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)