| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Берово ќе добие најсовремен скијачки терен, гасовод и болници

Тој ги наброја и големите ветувања на СДСМ , ветувањето на СДСМ кој вети вработување по еден член од секое семјество, пропаѓањето на ТАТ, изградбата на фабрики, железнички пруги и патишта. Сето ова го ветуваат и денес на нивните митинзи, но граѓаните веќе не им веруваат, рече Димовски

Илија Димовски, носител на ИЕ 3 вечерва на митингот во Берово на ВМРО ДПНЕ и на коалцијата вети градење на нов скијачки терен, гасовод, реконтруирање на патиштата во Берово и реконтруирање на медицинските установи во Берово.

– Победуваме, победуваме со најголемата победа досега и во Берово и низ целата Македонија, граѓаните се се обединуваат за да ја зачуваат државата. Зар има друг град што прв ќе ја брани државата, а да не е Берово? И затоа Берово ќе ја даде најмасовната поддршка за историската победа на ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа борба за Македонија ВМРО не е само, тоа е обединето со сите Турци, Власи, Албанци кои ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и тие ќе гласаат бидејќи сакаат оваа држава да не се занимава со деструкција на државата, со конфликти и со кризажи – изјави Димовски вечерва од Берово.

ilija-dimovski-berovo1-640x356

На овие избори и многу членови и поддржувачи на СДСМ се со нас, бидејќи тие се чесни и ги препознаа идеите на Заев. Затоа треба да подадеме рака на тие луѓе кои со години гласале за СДСМ, но овој пат тие не сакаат да веат туѓи знамиња во нивните градови, не сакаат да се зборат туѓи јазици и затоа треба да се обединиме најмасовно до сега. Денеска на овие избори не треба да има разлика и сите треба да застанеме под високо кренатотот знаме на Македонија. И помалите коалиции се тука со нас, Ромите, Власите, Турците, Србите кои не сакаат да живеат во бинационлна држава, рече Димовски.

Тој истакна и дека воведувањето на албанскиот јазик кој го сака Заев ќе значи дека сите документи кои ги потпишува општината ќе мора да бидат двојазични, сите постапки пред судот во Берово, полицијата, армијата, образованието, секаде ќе треба да се користат двата јазика. Македонија онаму каде што требало досега го реализирало користењето на двојазичноста, но само онаму каде што тоа е потребно. Македонија има најголеми права во поглед на помалите етнички заедници во цела Европа, но воведувањето на овој јазик не е потребен во Берово, каде што поголемиот дел на населението е македонско.

-На овие избори имаме обврска да ја упатиме најголемата порака и нема да дозволиме нешто да ни наштети на нас, немаме ништо против малите етнички заедници, но нема да дозволиме да ни се наруши нашата држава, ние немаме намера да отстапуваме понатаму. Затоа во следните неколку дена овде во Берово ве замолувам да тропнете кај соседите и прашајте ги дали иднината на вашите поколенија вреди повеќе од политичката идеја на Зоран Заев? Затоа велам плоштадите се полни, секаде каде и да отидеме луѓето не примаат, бидејќи луѓето веќе знаат да препознаат и овој пат можеме само да му се заблагодариме на Заев што навреме ни кажа која е неговата идеја со нашата држава. И затоа оваа обединета победа помеѓу сите националности ќе биде историска и најголема, потенцираше Димовски.

Тој ги наброја и големите ветувања на СДСМ , ветувањето на СДСМ кој вети вработување по еден член од секое семјество, пропаѓањето на ТАТ, изградбата на фабрики, железнички пруги и патишта. Сето ова го ветуваат и денес на нивните митинзи, но граѓаните веќе не им веруваат, рече тој.

-Тие ветуваат просечна плата од  30.000 денари, во нивно време таа изнесуваше само 11.000 денари, а денес во времето на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата изнесува 23.000 денари. Во Берово за 900 луѓе повеќе денес секое утро одат на работа, т.е  над 3000 луѓе денес има вработено во Берово, а во времето на СДСМ овие луѓе беа бркани од работа. Тие ветуваат и минимална плата од 16.000 денари, во вреемто на СДСМ немаше закон за минимална плата, во тоа време имаше граѓани на оваа држава кои работеа и за 4.000 денари. Тие исто така ветуваат и враќање на ДДВ во износ од 30.000 денари, тоа значи дека граѓаните треба да трошат месечно од 2.000 до 2.500 евра, а тоа е нереално во нашата земја, истакна Димовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top