Во фудбалската Лига на шампиони вечерва ќе се одиграат натпреварите од 6. коло во групите А, Б, Ц и Д.
Во дербито на вечерта Баерн Минхен ќе го пречека Атлетико Мадрид во мечот кој нема никакво резултатско значење.
Најинтересно треба да биде во групата Б во која Наполи, Бенфика и Бешикташ имаат подеднакви шанси за пласман во нокаут фазата.
Во останатите двојки се среќаваат: ПСВ Ајднховен – Ростов, Базел – Арсенал, ПСЖ – Лудогорец, Бенфика – Наполи, Динамо К. – Бешикташ, Барселона – Борусија М. и Манчестер С. – Селтик.
Сите натпревари започнуваат во 20:45ч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.