Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, планира капитални засилувања за следната сезона, со оглед дека клубот се уште води преговори за продолжување на договорите со Месут Озил и со Алексис Санчез. Токму затоа „топчиите“ паралелно почнаа преговори и со Џулијан Дракслер, офазивниот играч за врска на Волфсбург, како и напаѓачот на Милан, Карлос Бака.
Венгер е подготвен околу 70 милиони фунти за да ги доведе овие двајца фудбалери на „Емирати“.
Дракслер најави дека речиси сигурно ќе го напушти Волфсбург на крајот од сезоната, затоа што сака да игра во клуб со поголеми амбиции, а исто така и Карлос Бака е на излезна врата од „Сан Сиро“. Венгер ќе направи максимални напори за да ги доведе во Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.