| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Петтата изборна единица ќе биде инфраструктурно градилиште

Цела Петта изборна единица ќе биде градилиште на инфраструктурен план за што сведочи и механизацијата којашто е активна на изградба на автопатите, изјави денеска од Струга носителот на листата од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Потсети на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, која е во тек, како и на најавата за изградба на автопатите од Требеништа до Струга и од Кичево до Гостивар.

Носителот на листата во Петата изборна единица говореше и за изградбата на магистралниот гасовод од Битола преку Ресен до Охрид и Струга, а во втората фаза од овој проект од Охрид ќе бидат поврзани и Кичево и Гостивар.

– За Охридско-струшкиот крај посебно ни е важно да привлечеме уште неколку странски инвеститори и да ја продолжиме нашата стабилна поддршка за развој на туризмот преку субвенционирање на тур – оператори, кои ќе носат поголем број странски туристи во Република Македонија, рече Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top