Калчолигашот Интер игра катастрофално оваа сезона а раководството на клубот планира во зимскиот преоден рок да направи коренити промени.
Според информациите од Италија, тимот од Милано ќе го напуштат шест фудбалери, а Жофри Кондогбија е првиот на листата од играчи кои ќе си заминат од Интер. Тој го облече дресот на „нероаѕурите“ минатото лето, Интер за неговите услуги плати 36 милиони евра, но на „Џузепе Меаца“ не покажа ништо.
Исто така, на излезна врата се и Стеван Јоветиќ, Фелипе Мело, Родриго Паласио, Давиде Сантон и Џонатан Биабијани. Новите кинески инвеститори најавуваат вложување во клубот и ангажман на неколку квалитетни засилувања, кои ќе ја подобрат играта на тимот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.