Розмари Нацименто да Силва (32) сакала да го изненади младоженецот и на нивната венчавка да слета со хеликоптер, но леталото се урнало и невестата загинала.
Нејзиниот избраник и уште 300 гости ја чекале Розмари, која требало да дојде во предградието на Сао Пауло, но хеликоптерот се урнал во близина на местото каде што требало да слета. Во него биле невестата, нејзиниот брат, пилотот и фотографката која била во шестиот месец од бременоста.
Младоженецот останал да чека пред олтарот некое време, не знаејќи дека свршеницата му загинала. Според информациите на локалните медиуми, хеликоптерот се удрил во стебло заради лошата видливост, по што се случила трагедијата.
Карлос Едуардо, организаторот на венчавката, изјавил дека Розмари сонувала на церемонијата да се симне од хеликоптер и да го изненади вереникот. Откако леталото не слетало на фудбалското игралиште, како што било планирано, дел од гостите се јавиле и дознале дека хеликоптерот тргнал на време. Подоцна биле известени дека се урнал.
Патувањето со хеликоптерот на невестата требало да трае околу 15 минути, но се урнал во шума во близина на една сообраќајница, пишува „Мирор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)