СДСМ мора да се спушти на земја и да го прифати поразот што ги очекува. СДСМ мора да се соочи со фактот дека на 11 декември завршува две годишната политичка криза во која што ја втурнаа државата и дека на изборите граѓаните жестоко ќе ги казнат креаторите на кризата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
За огромниот пораз што го очекува СДСМ не се криви медиумите туку антидржавната политика на Зоран Заев и тргувањето со националните интереси. ВМРО-ДПМНЕ го осудува последниот напад врз екипата на ТВ Нова од страна на активистите на СДСМ, на завчерашниот митинг на оваа партија.
СДСМ не треба својата партиска фрустрација, која е производ на сериозниот дебакл и слабата посетеност на нивниот митинг, да ја истура врз новинарите кои професионално си ја извршуваат нивната работа.
Заканите и заплашувањата врз новинарите и медиумите мора веднаш да престанат. Новинарите и медиумите мора да бидат оставени слободно и професионално да ја вршат својата работа и не смеат да бидат на удар на нечија партиска фрустрација.
СДСМ мора да обезбеди почитување на јавниот ред и мир на своите собири, вакво вандалско-хулиганско однесување е недозволиво и крајно недемократско.
СДСМ мора да се демократизира, а не да шири говор на омраза кон новинарите, по примерот на нивниот шеф, Зоран Заев кој медиумите ги прогласи за свои непријатели. Напоменуваме ваквото циркузантско однесување е неприфатливо и недопустливо.
Ова е втор напад врз новинари и новинарски екипи од страна на активисти на СДСМ во оваа изборна кампања, по нападот од пред десетина дена врз екипа на МРТ, случај кој остана нерасветлен од МВР на Оливер Спасовски.
Го повикуваме МВР под палката на Оливер Спасовски во најкус можен рок да ги расчисти нападите врз екипите на МРТ и ТВ Нова, за јавноста да биде сигурна дека насилниците нема да се дрзнат да прават инциденти на денот на изборите, бидејќи досега се провлекуваат неказнети.
Доколку МВР не реагира во најкус можен рок тоа само ќе ги охрабри насилниците да предизвикуваат инциденти и во наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)