| четврток, 6 декември 2018 |

Марија не беше силувана – Бертолучи се брани од обвинувањата

tango

Филмот „Последното танго во Париз“ е познат по една од најбруталните сцени на секс воопшто снимени, а актерката Марија Шнајдер открила дека тоа на неа оставило трајна траума и дека се чувствувала како силувана.

Сега се огласи и самиот режисер на филмот Бернардо Бертолучи, кој се брани од овие обвинувања за силување.

-Би сакал последен пат да го разјаснам смешното недоразбирање во врска со филмот „Последното танго во Париз“, за кое сите пишуваат во последно време. Сакавме да ја добиеме нејзината спонтана реакција на користењето путер, за кој не беше информирана дека ќе го користиме. Некои мислеа и сѐ уште мислат дека Марија не беше запознаена со насилството во таа сцена. Тоа е погрешно. Марија се добро знаеше, бидејќи го прочита сценариото во кое се беше опишано – се огласи режисерот.

-Единствена новост беше идејата со путерот. Години подоцна сфатив дека тоа беше тоа што ја вознемири Марија, а не насилството што го има во сцената. Жал ми што некои поради наивност не знаат дека сексот речиси секогаш се глуми на филм – додал Бертолучи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top