| четврток, 6 декември 2018 |

Апокалиптични сцени од Сочи по незапаметеното невреме (видео)

Рускиот град Сочи, на брегот на Црно Море, беше погоден од незапаметено невреме, по кое половина град остана поплавен.

Брановите биле толку високи што, по само неколку минути, олимпиското село било претворено во еден голем базен, јави Танјуг.

Извештатите од Русија зборуваат за тоа дека брановите во текот на невремето од 3 декември биле повисоки од пет метри, што предизвикало тотална блокада на градот.

soci

Патиштата се поплавени, а вдолж шеталиштето се урнале околу 150 стебла, пишува „Раша тудеј“.

Сите летови за Сочи се откажани, пренесува хрватски „Јутарњи лист“.

Стебла се урнале и врз електрични кабли и гасоводни цевки, така што половина град е без гас и електрична енергија.

Штетата е огромна, пренесуваат локалните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top