Повремениот италијански репрезентативец, Симоне Заза, ова лето како позајмен играч од Јувентус пристигна во Вест Хем, а во него менаџерот Славен Билиќ гледаше како големо засилување и идеално решение во нападот на „чеканите“.
Сепак, Заза во досега одиграните 11 меча (8 во Премиер лигата и 3 во куповите) не покажа ама баш ништо од тоа што се очекуваше од него, нема постигнато гол, а во Англија веќе го прогласија за промашување на сезоната. Дури фановите на Вест Хем започнаа да собираат парични средства за Италијанецот да се врати од таму каде што дојде.
Заза доколку одигра уште три меча за Вест Хем, тогаш лондонскиот клуб ќе мора целосно да го откупи неговиот договор, а до тоа тешко дека ќе дојде. За неговиот услови заинтересирани се Валенсија и Наполи, но под кои услови ќе го пушти Јувентус најверојатно ќе дознаеме во зимскиот траснфер период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.