Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност во сите изборни единици во државата на само неколку дена пред изборите, покажува вториот дел од анкетата на Институтот „Павел Шатев“. 27,8 проценти од испитаниците веруваат дека оваа коалиција ќе им обезбеди подобра иднина, за разлика од 16,1% кои својоата иднина би ја препуштиле во рацете на коалицијата предводена од СДСМ.
Телефонската анкета беше спроведена во периодот од 30 ноември до 2 декември 2016 година на репрезентативен примерок од 1090 испитаници. Целта на анкетата е да ги утврди перцепциите на македонските граѓани.
Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење.
Анкетите на овој институт во минатото се покажаа како едни од најверодостојните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)