Гласот за десно-цетристичките коалиции е глас во прилог на намерите на Заев за двојазичност и редефинирање на државата. Според сите испитувања на јавното мислење, шансите за остварување на некој посериозен резултат на коалициите „ВМРО за Македонија“ и „Коалиција за промени и правда“ се практично минимални. Прашање е дали воопшто двете коалиции може да освојат пратеничко место.
Единствено што е извесно според сите анкети, дека ВМРО ДПМНЕ ќе победи со огромно мнозинство. Останува само дилемата дали ќе се исполнат очекувањата и зацртаната цел на Коалицијата за подобра Македонија да се освојат 63 пратенички места.
За двете коалиции е карактеристично што се декларираат опозициски, па оттаму причините за формирање на овие коалиции пред изборите и одлуката да одат самостојно, со голема сигурност може да се претпостават со оглед на тајмингот и начинот на кој се формираа.
Идеологот на СДСМ , Љубомир Фрчковски во Љубљана навести што се дискутирало во дипломатски кругови и отворено ја претстави можноста да се формира Влада без ВМРО -ДПМНЕ.
Затоа повеќе од извесно станува дека секој глас за овие коалиции е глас за заобиколување на волјата на мнозинството и практично глас за СДСМ.
Претседателот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски веќе и на митинзи отворено говори за целта на неговата коалиција и според него само нестабилна влада може да обезбеди стабилна држава.
– И едните и другите бараат 62 пратеници за стабилна Влада. Мојот став е дека ние после овие избори треба да имаме нестабилна Влада за да имаме стабилна држава. Не смее никој повеќе да има апсолутна власт, вели Георгиевски.
Ваквиот став на Георгиевски е практична потврда дека секој глас за овие коалиции е практично глас кој ќе знаци нова нестабилност и пролонгирање на кризата. Во ситуација кога СДСМ и Зоран Заев на преговарачка маса ги ставија највисоките национални интереси, прашањата за двојазичност, редефинирање на државата и промената на Уставот, секој глас може да го намали капацитетот при идните преговори за формирање на новата Влада.
Зоран Заев во неколку наврати јавно кажа дека СДСМ очекува најмногу гласови од Албанците, а отворено зборува и за воведување на двојазичност во државата и напуштањето на рамките на Охридскиот договор. Во една прилика во гостување на телевизиска емисија тој самоуверено го отвори и прашањето за менување на Уставот на Р. Македонија.
Во програмата на СДСМ секој може да види дека се предвидуваат и локална полиција, двојазичност и политипни општини.
И додека Заев се расфрла со двојазичност и менување на Уставот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата За подобра Македонија“ Никола Груевски од македонскиот народ бара поддршка за 63 пратеници за да се зачува унитарноста и самостојноста на Р. Македонија и конечно да се стави крај на кризата затоа што отворањето на чувствителни прашања како двојазичност и менување на Уставот може само да значат нов конфликт во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)