| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер монструм: На другарот му ги отсекол главата и рацете, па го фрлил во река (видео)

Ли Мануел Вилориа Паулино исчезнал на 18. ноември. Семејството вели дека 16-годишниот Ли со себе не понел мобилен телефон и паричник, а 13 дена подоцна, неговото масакрирано тело бил најдено крај реката Меримак во Лоренс во Масачусетс.

liceto-na-ubiecot-tinejdzer-01На тинејџерот му била отсечена главата и двете раце отсечени до под лактите.

-Никогаш не сме виделе нешто пострашно. Обдукцијата траеше 11 часа бидејќи телото беше премногу оштетено. Жителите се згрозени од ова злосторство, а нашата мала заедница е психички уништена- рекол началникот на тамошната полиција.

Ден откако го пронашле убиеното момче, полицајците го уапсиле и неговиот врсник и пријател од училиште, Метју Боргес. Иако се сомневаат дека токму тој го извршил злосторството, не ги откриваат мотивите кои го натерале на тоа, пренесуваат американските медиуми.

liceto-na-ubiecot-tinejdzer-02На средношколецот ќе му се суди за убиство од прв степен како да е возрасно лице.

-Боргес и Вилориа Паулино заедно вечерале тој ден кога исчезнал убиениот: Двајцата биле расположени, насмеани и среќни. На никого не му е јасно што се случило подоцна- рекле шокираните пријатели од училиштето.

Тетката на жртвата, Кристина Мичауд, вели дека нејзиниот внук бил одличен ученик, сакал поезија, секогаш бил подготвен да помогне, а сега се плаши дека јавноста брзо ќе го заборави неговото убиство.

-Не сакаме да не третираат како граѓани од трет ред само затоа што сме Латиноамериканци. Ли Мануел не беше квартовско проблематично дете и заслужува праведно судење- рекла очајната тетка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top