| четврток, 6 декември 2018 |

Татко ја зашил устата на својата ќерка и ја полевал со врела вода

china-guizhou-little-girl-abused-by-father-burned-head-boiling-water-c-600x399Постојат луѓе кои се умноболни. Како и да звучи ова, настаните ширум светот покажуваат дека човечкиот ум може да забега многу. Светските медиуми пренесоа приказна за едно девојче од Кина, 11-годишната Ксиао Ли. Таа е пронајдена како лута по улиците на градот Шинчанг во југозападната провинција Гуејџоу. Случаен минувач забележал дека таа зборува сама со себе и повремено дофрлува пцовки и навреди кон случајните минувачи. Девојчето имало видливи многубројни лузни и свежи повреди.  Минувачот ја пронашол ја одвел во болница.  Таму било утврдено дека устата на девојчето била сошиена, главата и била поливана со врела вода, на кожата имала траги од убоди од игли и било очигледно дека некој ја приморувал да клечи на скршено стакло.

Полицијата набрзо ја пронашла адресата на која живее детето со својот татко. Се сомневаат дека токму таткото  и ги нанел ужасните повреди. Тешкото злоставување на девојчето, кај кое има повреди кои не можат да зараснат, таткото го вршел пет години. Пред тоа таа живеела со бабата и детото, додека таткото не ја однел од нив. Сограѓаните на маченото девојче, очигледно, биле свесни за тортурата низ која поминувало, но со години никој не ја информирал полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top