Со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ се предвидува да се спроведе најголемиот инвестициски зафат или циклус во здравствената инфраструктура во историјата на Република Македонија. Станува збор за инвестициски циклус со повеќе од 143 милиони евра, предвиден во програмата „Реално“, од кој најголем проект е проектот за изградба на новиот клинички центар во Скопје, но има и повеќе други проекти, како што се комплетна реконструкција на Клиниката за кардиологија, на Герантолошкиот завод, на Градската општа болница „8 Септември“, надоградба на Клиниката за онкологија, со што ќе се овозможат дополнителни околу стотина легла, истакна носителот на листа во ИЕ 2, Никола Тодоров.
Тој нагласи дека станува збор за најголемиот инвестициски циклус во здравствената инфраструктура во историјата на Република Македонија и потенцираше уште еден проект за комплетна реконструкција на сите амбуланти.
– Исто така, сакам да одвојам и да го потенцирам проектот за комплетна реконструкција на сите амбуланти во рамките на Здравствениот дом „Скопје“, односно во градот Скопје и во околината на Скопје, проект вреден околу 200 милиони денари, од којшто би сакал да одвојам изградба на комплетно нова поликлиника во Бутел, реконструкција на амбулантата во Љубанци и давање лиценца за матичен лекар во населеното место Љубанци – заклучи Никола Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.