| четврток, 6 декември 2018 |

Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија гостува во Театар Комедија

Ова гостување е дел од билатералната соработка помеѓу двата театри, односно по гостувањето на Театар Комедија минатата година со претставите „Лисистрата“ и „Име“ на сцената на Сатиричниот театар, како и по учеството на Сатиричниот театар на фестивалот „Гола месечина“ со претставата „Автобусот“

В среда, на седми декември, на сцената на Театар Комедија гостува Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија, Бугарија, со својата најнова премиера „Лажговци во неволја“ од Антони Нилсен, во режија на Здравко Митков.  Оваа претстава својата премиера ја имаше на крајот од ноември, а првото гостување надвор од границите на Бугарија е токму во Театар Комедија. Ова гостување е дел од билатералната соработка помеѓу двата театри, односно по гостувањето на Театар Комедија минатата година со претставите „Лисистрата“ и „Име“ на сцената на Сатиричниот театар, како и по учеството на Сатиричниот театар на фестивалот „Гола месечина“ со претставата „Автобусот“. Овие два театри ја продолжуваат својата соработка како жанровски определени театри од регионот.

unnamed-12

„Лажговци во неволја“ е маестрално напишана фарса, која, како и секоја празнична ситуација, има среќен крај. Точно на Бадник полицајците Гобел и Блант имаат тешка задача – на еден постар брачен пар да им соопштат дека нивната ќерка загинала во сообраќајна несреќа. Мајката покажува мошне чудно и ексцентрично однесување, а таткото е со многу слабо срце, па затоа двајцата полицајци влегуваат во комични, но трогателни обиди за што побезболно да им ја соопштат ужасната вест. Ситуацијата станува невозможен херојски подвиг откако ќе се вмешаат еден свештеник, чивава, сосетката…

unnamed-11

Режисер на претставата е Здравко Митков, сценографија е на Петар Митев, улогите ги толкуваат: Николај Урумов, Михаил С’рвански, Мартина Вачкова, Марија Статулова, Красимир Куцупаров, Кирил Бојаџиев, Александра С’рчаџиева.

unnamed-10

unnamed-9

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top