| четврток, 6 декември 2018 |

Поради улога во филм ослабна 22 килограми

Холивудскиот актер Адам Драјвер пред себе имаше голем предизвик. Тој поради улогата во филмот „Тишина“ на Мартин Скорсезе ослабна дури 22,5 килограми.

– Пред да почнеме да снимаме, ослабнав 14 килограми, а за време на снимањето уште осум и пол. Но, сето тоа имаше причина. Игравме свештеници од 17 век, кои патуваат две години, болни и гладни – изјави актерот.

766909363584526df6722b233354775_w640

За да ги исполни очекувањата Драјвер морал да се придржува на екстремниот режим на исхрана.

– За време на снимањето често немав сила да правам нешто друго освен да реагирам на тоа што се бараше од мене. Дури ми беше тешко и да размислувам – објасни Драјвер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top