93,1 наспроти 4,8 проценти од анкетираните граѓани во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија преку телефонската анкета на Институтот „Павел Шатев“ се изјасниле дека не поддржуваат идеја за двојазичност и менување на рамковниот договор. Анкетата е спроведена во периодот помеѓу 30 Ноември и 2 Декември на 1090 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија.
-Во истражувањето беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина, информираат од Павел Шатев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.