Расел Вестбрук го запиша својот петти „трипл-дабл“ низа и е на два чекора на легендарниот Мајкл Џордан поставен во 1989 година. На оваа листа од најмногу трипл-дабл учиноци води Вилт Чемберлен од 1969 година. Вестбрук ја предводеше екипата на Оклахома Сити Тандер до победата над Њу Орлеанс со 101-92. Тој оствари учинок од 28 поени, 17 скокови и 12 асистенции.Поддршка доби од Енес Кантер, кој даде 17 поени, Виктор Оладипо кој запиша 15 поени и Рајан Андерсон, кој беше автор на 13 поени.
– Мое е само да играм најдобро што можам. Не сакам да говорам дали можам да бидам на исто ниво секој натпревар, сакам само да излезам на теренот и да се натпреварувам на највисоко ниво, тоа е она што го правам од првиот момент кога почнав да играм во НБА. И искрено – сакам да победувам. Тоа е најважниот дел – изјави Вестбрук.
Оклахома сити ги доби последните пет средби на кои Вестбрук стигнуваше до трипл-дабл, па овој тим како еден од „отпишаните“ пред стартот на сезонава поради заминувањето на Кевин Дуран сепак одлично котира, па моментно се наоѓа на првото место во „Нортвест“ дивизијата.
НБА резултати:
Детроит – Орландо 92-98, Оклахома – Њу Орлеанс 101-92, Њујорк – Сакраменто 106-98, ЛА клиперс – Индијана 102-111.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)