На 6 дена пред изборите на 11 декември, најновата телефонска анкета на Институтот „Павел Шатев“ спроведена во периодот помеѓу 30 Ноември и 2 Декември на 1090 испитаници, покажува дека кај граѓаните на Република Македонија лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски повторно ја ужива довербата да биде премиер на Државата. Според резулатите од анкетата, предноста на Груевски е повеќе од тројна во споредба со Заев.
-Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина, информираат од Павел Шатев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.