Филип Талески е дел од Топ листата за најубави погодоци во деветтото коло од Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец го освои петтото место откако на самиот почеток од дуелот меѓу Ла Риоха и Металург ја собра „пајажината“ од аголот на противничкиот гол, но „металурзите“ за жал го загубија клучниот натпревар, со самото тоа и шансите за пласман во следната рунда.
На првата позиција се најде Ваел Жалуз од Барселона, чиј удар Тити Омејер едвај го проследи со поглед, па искусниот голман не можеше благовремено да реагира при „бомбата“ на тунискиот интернационалец.
Најубавите пет погодоци од изминатата рунда во Лигата на шампионите можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)