| четврток, 6 декември 2018 |

Jа силувал, па ја задавил – Авганистанец убил ќерка на висок службеник

marija
Тинејџер од Авганистан бил уапсен завчера поради силување и убиство на 19-годишната Марија Ладенбургер кон средината на октомври во германскиот град Фрајбург.

Германските медиуми пишуваат дека жртвата е ќерка на високорангиран европски службеник и втора девојка од тој град што била брутално силувана и убиена пред два месеца.

Нејзиното тело било пронајдено во Фрајбург, во близина на границата со Швајцарија кон средината на октомври. 19-годишната Марија, студентка по медицина, била силувана, а потоа удавена, по што нејзиното тело било фрлено во реката Драјзам.

-Се враќала од забава во два и пол часот наутро. Како и обично, дома одела со велосипед. Била жртва на напад и сексуално насилство – соопштил Давид Милер од германската полиција.

На местото на злосторството биле пронајдени долги машки црни влакна делумно обоени во сино и црн шал, кој Марија го носела таа вечер. Трагите од ДНК што биле пронајдени на нејзината коса и шалот не се поклопувале со ниеден примерок кој германската полиција го имала во својата база. Тогаш инспекторите ги прегледале надзорните камери во околината на местото каде што било пронајдено нејзиното тело.

marija2

На снимките од надзорните камери од трамвајот, полицијата забележала емигрант за кој е наведено дека „имал многу специфична фризура и долга коса делумно обоена во сино“.

Медиумите во Германија пишуваат дека несреќната девојка е ќерка на високиот европски службеник Клеменс Ладербургер, помошник на генералниот директор на правната служба на Европската комисија. Тинејџерот од Авганистан бил приведен во петокот, по што го признал убиството, а судењето би требало да почне на почетокот на идната година.
marija3
Полицијата моментално се обидува да утврди дали емигрантот, кој го признал убиството, е одговорен и за убиството на уште една девојка. Станува збор за 27-годишната Каролин Г., која била силувана, а потоа убиена додека трчала во близина на градот. На местото на злосторството немало траги од ДНК.

Во Германија бројот на криминалните дела на емигрантите секојдневно е во пораст. И покрај напорите на Ангела Меркел да продолжи со политиката на отворени врати, огромен број Германци отворено се противат на доаѓањето на емигрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top