Еден од најпознатите и најдобри актери од Македонија Владо Јовановски, на неговиот профил на „Фејсбук“ објави снимка со обраќање до граѓаните и соопшти каква ќе биде неговата одлука на следните предвремени парламентарни избори.
– Јас сум Владо Јовановски. Живеам во Скопје. Но, каде и да живеам јас сум од Македонија. Како граѓанин на Р. Македонија и на овие избори јас ќе гласам, тоа е мое право, но и моја обврска. Она што сите многу добро го знаеме е тоа дека безгрешни луѓе и безгрешни политичари не постојат. Од оваа политичка понуда што ја имаме, на овие парламентарни избори, јас како човек кој не припаѓа на ниту една политичка партија, ќе гласам за подобрите. Ќе гласам за оние за кои што сум сигурен и знам дека никогаш нема да ги продадат државните интереси на Р. Македонија. Затоа ќе гласам за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе гласам за Никола Поповски како носител на ИЕ 1. Јас гласам за Никола, гласај и ти. Нема да се срамиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)