| четврток, 6 декември 2018 |

Победуваме, за Македонија се работи!

Ти знаеш кои сме, и што сме, се знаеме долго, со сите мани и предности, предизвици и успеси и дека работиме многу и дека се бориме многу и ти знаеш дека за Македонија се работи! Сега е твоето време! заедно со нас ! избори се! избори се! Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски им се обрати од Струмица на сите граѓани во Македонија.

-Избори се за повисоки плати, пензии, социјална помош, земјоделски субвенции! Избори се за нови инвестиции и нови работни места! Избори се за нови болници, поевтини лекови, нови куќи и станови, нови училишта и знаење! Избори се за нов инвестициски циклус, и раст на бизнисите. Избори се за нови водоводи,автопати, електрани, гасоводи! Избори се за членство во НАТО и Европската Унија, ама како природна работа на принципи и вредности! Избори се за правото на глас, да можеш слободно да избираш, избори се и покажи дека си слободен човек и дека си патриот! Но пред се избори се за својата татковина! затоа што ако Македонија ја немаш, а се друго имаш, тогаш ништо немаш и ништо немаме! Македонија е твојата држава! Не дозволувај да ти го земат она што најмногу го сакаш. Имаш и мудрост, имаш и храброст и сила и чест. Македонија те вика ! Македонија ќе победи! Ти одлучуваш! Избори се! Избори се за Македонија! За твојата Македонија! Доаѓаат убави времиња, времиња на напредок и работа, порача Груевски од Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top