Правеа фабрика за афери со тој Чаушот, замислете до каде им одеше умот, лажеа дека има фантоми не сто, двесте, туку 500 илјади фантомски гласачи, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 4 на големиот митинг во Струмица.
-И мислеа дека тоа туку така ќе им помине, сега бесрамно лажат и си играат со чувствата на нашиот чесен и напатен народ дека ќе давале плата по 500 евра по човек и слично, лага до лага, не бираат ниту средства ниту начин како да прелажат некого дури и злоупотребувајќи ја маката на луѓето. Тоа е нивниот начин како тие работат. Но тоа им е погрешно затоа што не го имаат разбрано Македонецот, Македонецот е честит човек, кој вредно работи, си ја сака државата и знае јасно да одбере што е подобро за него и за државата. Затоа и нашата кампања е базирана на тие зборови „Знаеш што е подобро за тебе и за Македонија“, затоа што ние не го потценуваме нашиот сограѓанин туку цврсто веруваме во неговата проценка, ние веруваме дека тој ја знае целата слика за тоа што се случува во државата, ние веруваме на неговата мудрост и во неговата љубов кон Македонија, рече Груевски.
Тој им се обрати на струмичани и рече дека тие најдобро знаат што е подобро за нив и за Македонија и никој не смее да ги потцени.
-Вие сте столбот на оваа држава, и ние сме свесни дека вие го знаете тоа. И нема да дозволите разни сценарија да ја урнат оваа држава, само затоа што пронашле двајца, тројца несовесни егзибиционисти во политиката кај опозицијата кои се спремни се да прават, и својата лакомост и очај ги нарекуваат храброст демек се одважиле нешто храбро да направат. Тоа не е храброст, и вие го знаете тоа, тие се далеку од тоа што ви се претставуваат и вие го знаете тоа, тоа се нечесни луѓе кои посегнаа по сопствената држава не бирајќи средства, туку само затоа што некој од горе ги спремал. Тоа што го прават има друго име се вика изневерување на сопствениот народ и сопствената држава, но тие се премногу слепи, заслепени од опојната моќ на тие што ги влечат конците и не можат да го видат тоа, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Посочи дека Струмица е градот кој што најдобро го познава Зоран Заев и затоа во Струмица е највисоко негативното мислење за него.
-Ги познаваат неговите методи на работа по принципот едно евро ваму едно таму, знаат за тендерите кои си ги расфрла по роднини и пријатели од Струмица, знаат дека тој човек знае да си подлаже и ништо да не го секира, сите овде го знаат Зоран Заев, подвлече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)