Евертон се спаси од пораз против Манчестер јунајтед, играјќи 1-1 пред домашните гледачи на „Гудисон парк“. Тимот на Роналд Куман беше во негатива се до 88.минута, кога нововлезениот Фелаини направи прекршок во сопствениот шеснаесетник, а пеналот успешно го реализира Лејтон Бејнс.
Манчестер јунајтед дојде во водство кон крајот на првото полувреме со погодокот на Златан Ибрахимовиќ, кој успеа да го надмудри Мартин Стекеленбург во 42.минута од средбата со фантастичен лоб удар од повеќе од 30 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)