Во 165. „Дерби дела Капитале“, екипата на Рома стигна до победа над Лацио (0-2), благодарение на головите на Стротман и Наинголан. „Римската волчица“ ја продолжи серијата на непоразеност во дуелите со градскиот ривал против кој не знае за пораз веќе седум натпревари по ред.
Цврстата игра не дозволуваше зицери за напаѓачите, па се чекаше на првата грешка за да се отвори резултатот. Младиот централен дефанзивец на Лацио, Волис направи несвојствен потег во својот шеснаесетник, каде се обиде да го дрибла противникот, па Стротман вешто ја украде топката и со лоб удар ја смести во мрежата за 0-1.
Шансите на домашната екипа се намалија по црвениот картон на Каталди, кој поради неспортски потег заработи директно исклучување. Рома до крајот не притискаше и со рутинска игра стигна и до втор погодок за потврда на победата во реализација на Наинголан.
Со новите три бода, екипата на Спалети се искачи на втората позиција на табелата со 32 бода колку што има и Милан, четири помалку од лидерот Јувентус.
Во останатите резултати од 15.00 часот, Каљари ремизираше со Пескара (1-1), Сампдорија го победи Торино (2-0) и Сасуоло беше убедлив на домашен терен против Емполи (3-0).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)