| четврток, 6 декември 2018 |

Грчева: СДСМ си ги скуси демократските капацитети

solza-grceva-768x429

СДСМ, особено на претходните избори, а сега уште повеќе се обидува да се ребрендира преку различен тип на владеење, што лично ми наликува на авторитарно, вели Солза Грчева.

– Мислам дека опозицијата си ги скуси демократските капацитети, па лесно од тоа ребрендирање можете да влезете во дебрендирање, а токму тоа е она што ме загрижува, изјави поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Солза Грчева, за ТВ НОВА.

– Кога сте десет години во опозиција се обидувате да дојдете на власт со различни концепти и тоа е легитимно. Не можете да ја замрзнете ситуацијата во партијата, онаква каква што била, морате да еволуирате во склад со делувањата на другите партии и случувањата во државата, и тука нема ништо спорно. Бев збунета од листите, не верувам во граѓанскиот концепт на СДСМ бидејќи доаѓа од истото раководство што не покажа разбирање за некаква независност, вели Грчева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top