| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Продолжуваме со субвенционирање за граѓаните да се стекнат со сопствен дом

Државата има издвоено над 28 милиони евра за субвенционирање на кредити со кои е помогнато на повеќе стотици семејства да се стекнат со сопствен дом, вели Никола Попоски, носител на листа во првата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжуваме со оваа активност. Имаме предвидено сите општини да изнајдат најмалку 100 локации на нивната територија каде може да се реализираат нови куќи и станови и по пат на јавно наддавање со почетна цена од едно евро по метар квадратен да може да се стекнат и со државно земјиште, истакна Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top