| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ преку НВО поткупува гласачи со делење дрва на недела пред изборите

%d0%b4%d1%80%d0%b2%d0%b0

Најголемата опозициска партија СДСМ продолжува срамно и бескруполозно да поткупува гласачи во пресрет на изборите закажани следниот викенд. СДСМ злупотребувајќи ги социјално загрозените категории се обидува да дојде до некој глас повеќе, пишува порталот Журнал.

-Имено, според информациите до кои дојдовме, СДСМ преку невладини организации кои се под нејзина контрола, поткупува гласачи Роми од Куманово со делење дрва на само неколку дена пред изборите. Ромите велат дека СДСМ стои зад оваа акција, а невладината организација се користи само како параван зад кој се крие обидот на партијата на Заев да ги придобие нивните гласови, објави Журнал.

%d0%b4%d1%80%d0%b2%d0%b02

%d0%b4%d1%80%d0%b2%d0%b03

Ваквото потценување на граѓаните не е нешто ново кога СДСМ е во прашање. На изборите во 2011-та година, СДСМ шеташе од врата на врата и делеше локум, кафе и наполитанки за купување на гласовите на граѓаните. Тогаш медиумите објавија дека СДСМ нарачал цели 12.000 килограми кафе и дистрибуирал до граѓаните повеќе од стотина илјади пакетчиња кафе.

%d0%b4%d1%80%d0%b2%d0%b04

Во 2014-та година во пресрет на изборите, коалициониот партнер на СДСМ Самка Ибраимоски им даваше расипано месо на Ромите за да гласаат за нив.  Товарните возила со расипаниот артикл беа лоцирани во близина на куќа во која беше сместен изборен штаб на СДСМ.

Граѓаните Роми не можеа да го сокријат гневот и веднаш се упатија на протест на Бихаќка. Обвинија дека поради политички поени, челниците од опозицијата, сакаат да ги отрујат.  Полицијата заплени месо сместено во два камиони ладилници во Шуто Оризари. Истото било со изминат рок и увезено во Полска и Данска.

%d0%b4%d1%80%d0%b2%d0%b05

Од направените проверки утврдено било дека сопственикот на ладилниците не поседувал никаков сертификат или декларација за месото. Исто така, немал документ кога и од каде е увезено во Македонија.

%d0%b4%d1%80%d0%b2%d0%b06

На локалните избори во 2013-та година, валкано во кампањата играше и кандидатот за градоначалник од СДСМ за Ѓорче Петров, Александар Наумовски. Во јавноста се појавија фотографии на кои се гледаше како Наумовски дели брашно и други производи во пресрет на одлучувачкиот втор круг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top