По неколку успешни синглови успеаја да обезбедат светска слава, a се прославија со синглот “All the Things She Said“. Во периодот кога беше основан, бендот Тату го привлече вниманието на светската јавност, а многумина тврдеа дека се работи за маркетиншки потег и дека девојките не се лезбијки, иако во спотовите и на јавните настапи разменуваа нежности.
Бабата на една од членките своевремено изјави дека нејзината внука се интересира за машки, што ги разгоре шпекулациите за веродостојноста на бендот и на она што го работи.
Едната од поранешните членки на групата Тату, Јулија Волкова предизвика контроверзии кога на прашањето што би рекла кога нејзиното дете би било хомосексуално, одговори дека синот би го осудила ако биде хомосексуалец. Правиот маж мора да биде маж, зашто е створен за размножување, а лезбејките естетски многу поприфатливо изгледаат, изјавила таа.
Другата половина од групата, Лена Катина, пак се дистанцирала од изјавата на својата колешка и од се што се однесува на бендот, а денес е мажена за Саша Кузмановиќ, словенечки музичар со српско потекло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)