| четврток, 6 декември 2018 |

Четири пенали, четири промашувања, проклетството на Баер Леверкузен продолжува (видео)

baer-leverkuzen

Да се постигне гол од пенал е рутина за многумина, но не и за фудбалерите на Баер Леверкузен оваа натпреварувачка сезона. Проклетството на „фармацевтите“ продолжи и на вчерашниот дуел со Фрајбург, на кој домаќините добија можност да триумфираат со гол од пенал во 88. минута. Само уште Чичарито да погодеше, наместо да го изведе еден од најслабите пенали во фудбалска Европа сезонава, додавајќи му ја топката на голманот по средината на голот.

„Црната серија“ продолжи, ако се знае дека ова е четврти пенал што судиите го досудија во корист на тимот од Леверкузен, а „фармацевтите“ се уште не нашле начин како ударите од белата точка да ги претворат во погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top