| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт го декласираше Феникс, триото Кари-Томпсон-Дурант даде 77 поени (видео)

stef-kari

Кошаркарите на Голден Стејт повторно влегоа во шутерски елемент и дојдоа до бројката од 106 натпревари во регуларниот дел од сезоната, во кои немаат остварено два порази по ред. „Воините“ го декласираа Феникс со 138-109, а предводник беше Стеф Кари со 31 поени, од дури 20 постигна во третата четвртина. Клеј Томпсон уфрли 26, а Кевин Дурант беше стрелец на 20 поени.

Милвоки против Бруклин стигна до четвртата последователна победа, а стандардно добар беше Јанис Адетокумбо, со 16 поени, 10 скока и 6 асистенции. Значаен придонес во победата од 112-103 даде и Метју Делаведова, кои 12 од своите 18 поени ги постигна во решавачкиот четврти период.

Торонто убедливо со 128-84 ја победија Атланта и е првиот тим со 14 победи сезонава од Источната конференција. ДеМар ДеРоуз со 21 поен беше прво име во победничката екипа во која дури седуммина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени.

НБА резултати:

Милвоки – Бруклин 112-103, Шарлот – Минесота 120-125 (по продолжение), Филаделфија – Бостон 106-107, Торонто – Атланта 128-84, Милвоки – ЛА лејкерс 103-100, Далас – Чикаго 107-82, Јута – Денвер 105-98, Портланд – Мајами 99-92, Голден Стејт – Феникс 138-109.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top