| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев од Пробиштип најави пат до ски-центарот Пониква

Почеток на идната година ќе започнеме со градба на новиот експресен пат Штип-Кочани, првата фаза е Штип-Пробиштип, втората фаза е Пробиштип-Кочани. Постапката е завршена. Пробиштип ќе добие експресен пат со четири ленти, истакна на вечерашниот митинг во Пробиштип Емил Димитриев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кон средина на наредната година ќе започнеме со реконструкција на патот Пробиштип-Крупиште. Започнуваме во истиот период и со градба на нов пат Пробиштип – скицентар Пониква вредност 5 милиони евра. Нашиот град за кратко време ќе може да ги ужива благодетите инвестирани во делот на опремување на ски центарот, посочи Димитриев.

Тој додаде и дека во следниот период ќе бидат асфалтирани голем број улици, а Пробиштип ќе биде и гасифициран град.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top