Активисти од левичарските организации организираа демонстрации во Виена против кандидатот на десницата Норберт Хофер, еден од двајцата кандидати на утрешните избори во Австрија.
Под паролата „Фак Хофер“ протестот наводно требало да го спречи кандидатот на Слободарската партија на австрија да стане претседател.
-Германски националист како претседател би претставувало изложување на потсмев на жртвите на концентрационите логори- велат организаторите, кои во своите обраќања порачаа дека во недела, доколку Хофер победи на изборите, повторно ќе протестираат.
Во говорите укажуваат дека не смее да се дозволи „фашистите да дојдат на власт, и да не се украсува партијата, односно дека се работи за нацистичка партија“.
Иако протестот мина мирно, еден демонстрант кој го покрил своето лице со шал, се судрил со полицијата која барала да го открие лицето.
Противкандидатот на Хофер, Александер ван дер Белен се дистанцирал од демонстрациите, нарекувајќи ги контрапродуктивни, заради што наиде на критика од демонстрантите.
Учесниците на протестот, о големо присуство на полицијата, поминало кај сите седишта на десничарските организации, пред собирот да заврши пред седиштето на партијата на Хофер.
Ова се први протести во Австрија против кандидат за претседател на земјата по втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
“Чоколадни капки “ – самостојна изложба на Ѓорѓе Јовановиќ во галеријата Hoast во Виена