| четврток, 6 декември 2018 |

Лажни анкети за лажна надеж како алиби за катастрофалниот пораз што следи

Ѓорѓи Спасов и неговата агенција „Рејтинг“ повторно влетуваат на помош на СДСМ како обид за креирање лажна преизборна еуфорија за наводно приближување на довербата во опозицијата до онаа на ВМРО-ДПМНЕ. Агенцијата „Рејтинг“ спровела анкета по нарачка од телевизијата „24 Вести“, телевизија под комплетно управување на СДСМ, на прашање „За која партија најверојатно ќе гласате на 11 декември“.

148658Според „Рејтинг“ разликата помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ е намалена на 1,5 процент, па така 29,9  посто од граѓаните се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО – ДПМНЕ, додека 28,5 проценти кажале дека гласот ќе го дадат за СДСМ.

Со ваквите анкети всушност се почнува градењето на случај за непризнавање на резултатите и наведување дека изборите не биле фер, но овој пат заради веќе препознатливиот начин на работа, објавата на анкетата и резултатите се само тема за јавен потсмев. Ивор Мицковски јавно праша „Озбилно, ќе пласирате анкета од советникот на Заев, за братот на Заев“.

ivor-za-anketata

Рејтинг, за потсетување, за претседателските избори предвиде победа на Стево Пендаровски со разлика од 150.000 гласови. На Заев и СДСМ пак им предвиде победа со разлика од 100.000 гласови. Со тоа агенцијата Рејтинг и Спасов за парламентарните избори во 2014 година направија промашување од 300.000 гласови.

Анкетата, пак, на Брима Галуп на две недели пред изборите покажа дека граѓаните најмногу доверба имаат во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, односно со 20,8 проценти ужива скоро двојно повеќе доверба пред 11 проценти од анкетираните кои се изјасниле за Зоран Заев.

Во однос на изборите35,9  проценти од Македонците се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ  додека21,6 проценти посочиле на СДСМ. Споредбата во однос на вкупното гласачко тело, 25,8 проценти се определиле за ВМРО-ДПМНЕ додека 16, 7 проценти за СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top