Сакам да ве потсетам на една политичка партија која уште во 1994 година ветуваше нови патишта, железничка пруга, сакам да ве потсетам на една партија која во 2002 година ветуваше по еден вработен од секое семејство. СДСМ нема исполнето ниту едно ветување.
Ова денеска во Кратово го изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ носител на ИЕ 3, додавајќи дека СДСМ денеска ветуваат просечна плата од 30.000 денари, ветуваат минимална плата од 16.000 денари, а Заев во неговите фирми им дава само по 10.000 денари на своите вработени. Ветува враќање и на ДДВ, а со тоа само го лаже народот, заклучи Димовски
– Со оваа коалиција се обединети сите Роми, Власи, Турци, Срби и сите останати и заради тоа ова ќе бидат историски избори, никој не сака кантонизација на оваа земја, не сакаат дестабилизација и двојазична држава, како и промена на Уставот на Република Македонија. Ние ќе направиме патишта, ќе изградиме училишта, спортски сали, и многу други проекти се предвидени во нашата програма „Реално“, но за сето тоа не ни треба двојазичност, кантонизација и дестабилизација во земјата, ни требаат вистински луѓе и ни требаат 63 пратеника. На 11 декември не се само избори, тоа е референдум за унитарна, суверена и демократска Македонија – истакна Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)