| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се изградат три нови студентски домови, постоечките се реновираат

Потребите на студентите се висок приоритет во програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ. Предвидуваме изградба на три нови студентски домови од кои едниот би бил во Тетово, а во два во Скопје, изјави денес Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, носител на листа во ИЕ5.

-Едниот ќе биде во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а другиот на местото на поранешниот студентски дом Медицинар. Истовремено, веќе е во тек процедура за набавка на инвентар и сите постоечки студентски домови да бидат обновени за да се згоелеми и подобри квалитетот за престој и учење, вели Милошоски.

Истовремено, додава тој, тоа што го најавувавме е зголемување на фондот за стипендии за студентите и оние кои се талентирани ќе може да сметаат на фонд од 11 милиони евра.

-Продолжуваме со една сериозна и реална поддршка за секој македонски студент, потенцираше Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top