| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Намалена невработеноста во Кратово, тоа резултат на сите наши мерки и проекти

Oткако ВМРО-ДПМНЕ доjде на власт во Кратово се реализирани многу проекти, а една од најзначајните работи за овој град е што невработеноста е намалена. Ова денеска во Кратово го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на пратеничката лисата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“ во ИЕ4.

-Народот виде колку работи направивме. Се реализираа многу проекти. Во Кратово се вработија 990 лица повеќе отколку во 2006 година. Ако во минатото имаше вработено 1.500 лица во Кратово, сега има 2.490. Ако беа невработени 2.243 сега се 1.332. Тоа не доволно, но оди надолу невработеноста, некој работи за тоа. Некој работел 15 часа, носел мерки, проекти, создавал добра бизнис клима, наоѓал начини да направи држава со најниски даноци, наоѓал начини да ги убеди компаниите  и тука да отворат нови работни места и да им помогне и охрабри домашните инвеститори и тие да се прошират во нивното производство, да им помогне да имаат повеќе извоз, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top