Вчера околу 16.30 часот на ул. „Маршал Тито“ во Кичево, поради нерасчистени должничко-доверителни односи, при расправија, А.Л. (56) од Кичево со остар предмет му нанел повреда во пределот на стомакот на А.Д. (49) од Кичево.
Повредениот бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде му била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредата истиот бил препратен во Ургентен центар Скопје.
А.Л. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Увид извршила екипа од НККР Кичево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.