Вчера околу 15.40 часот на ул. „Младинска“ во Струмица В.Г. (34) од с.Секирник, додека работел како заварувач на кровна конструкција, качен на платформа од скеле, во еден момент изгубил рамнотежа и паднал од висина од 5 метри.
Од страна на доктор констатирани му биле тешки телесни повреди опасни по живот и по укажаната првична лекарска помош бил пренесен на КАРИЛ неврохирургија во Скопје. У
вид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица и трудов инспектор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.