И овие избори не поминуваат без повторените лаги и силења од СДСМ за создавање лажна еуфорија дека победата е на дофат односно дека ја освојуваат власта, само за да се мобилизира демотивизираното членство кое по секои избори е се поразочарано од водството и од лагите на СДСМ. Јавноста и граѓаните, особено членовите на СДСМ ја научија тактиката од минатото, од изборите во 2008, 2011 и последните од 2014 година. Истата лажна победничка реторика се користеше и за локалните и за претседателски избори. Заев, Шекеринска и врвот на СДСМ гласно убедуваат и порачуваат дека ќе победат. Кој не се сеќава на пораките на Заев „Јас сум идниот премиер“?
Јани Макрадули пред 2011-та викаше дека Бранко тресе, а Црвенковски цврсто уверен гласно говореше дека ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ и блефираше повикувајќи постојано на избори.
На последните избори 20014та повторно СДСМ убедуваше дека ќе победи. Стево Пендаровски јавно изјавуваше дека опозицијата води на сите анкети двојната победата се ближи.
Дека СДСМ и Пендаровски се уште се во истиот филм покажува и неговата вчерашна изјава, во која повторно тврди дека опозицијата водела на сите анкети и ќе победела со освоени 50 пратенички мандати.
-Најновите бројки се стопроцентно точни. Последните анкети покажуваат дека опозицијата предводена од СДСМ е многу блиску до 50 мандати. Во првата изборна единица си поставивме цел над 100.000 гласови и во овој момент сме над 90.000 гласови. Ние одиме со двоцифрена бројка на мандати, а тоа ги отвора портите за победа во целата земја, рече Пендаровски вчера.
Шекеринска на изборите во 2008та и во 2011та повторуваше иста работа, дека народот се прекршил и одлучил и дека СДСМ сигурно ќе победи.
Со истиот вокабулар како и до сега Шекеринска ословуваше дека власта е во заминување и дека се работи за режим. Иако најголемиот демант пристигнуваше на изборите каде СДСМ беше партијата која доживуваше тежок пораз од граѓаните.
Зоран Заев на изборите во 2014 та кој ги загуби со над 200 илјади гласови викаше дека тој ќе е идниот премиер и дека знае дека ќе победи со над 100 илјади разлика.
И оваа актуелно лажно подигнување на атмосферата ќе пукне како балон од сапуница околу полноќ на 11 декември. И овој пат вината СДСМ веројатно ќе ја бара во закони, делувања, веројатно и кај народот, само не во себе. Со сигурност пак тоа ќе се повторува се додека СДСМ не направи промени од внатре, расчисти со лидерството и со нова идеологија застане на реални нозе слушајќи ги потребите на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)