Претседателската кандидатка на француската крајна десница Марин ле Пен изјави дека победата на Доналд Трамп во Сад може да влијае на изборите во Франција во 2017 година.
-Тоа што е сигурно е дека луѓето сега се свесни дека можат да се ослободат од диктатот на системот и да гласаат онака како што сакаат- истакна лидерката на францускиот Национален фронт, Марин ле Пен, на саемот на коњи на периферија на Париз.
Таа нагласи дека на француските избори ќе се соочат националисти и патриоти како неа со подржуваите на глобализацијата, ЕУ и имигацијата. Лидерката на крајната десница оцени дека одлуката на Оланд да не се кандидира по втор пат нема да ја смени нејзината стратегија во предизборната кампања. Таа предвидува дека во трката ќе влезе и актуелниот премиер Мануел Валс како социјалистички кандидат, кој ќе се соочи со неа, и со конзервативниот поранешен премиер Франсоа Фијон, кој победи на партиските избори кај републиканците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.