| четврток, 6 декември 2018 |

Играл во геј-порно филмови, поминал во ислам, па планирал напад на Келн!

Во потрага за потенцијално опасни исламски екстремисти, германските тајни служби пронашле екстремист во своите сопствените редови.

Банкар (51) кој поминал во ислам почнал да работи во Службата за заштита на уставниот поредок токму во одделот за надзор на екстремизмот. Полицијата издала потерница за него бидејќи планирал напад на седиштето на тајните служби во Келн.

Името не му е јавно соопштено. Тој е татко на четири деца и во 2014 година поминал во ислам. За службата почнал да работи во април годинава, а паралелно ја задржал и работата во банка.

Постојано бил на интернет, и тоа на екстемистички портали. Шефовите наскоро се посомневале во него.

Весниците во Германија пишуваат дека неговото семејство не знаело дека тој станал исламист. Пребарувајќи го неговиот дом, агентите нашле порнографски филмови, шпански порно геј филмови во кои тој играл пред да премине во ислам, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека банкарот дошол од Шпанија и дека подоцна добил германско државјанство. Во еден онлајн разговор тој се доверил дека подготува напад на седиштето на Службите за заштита на уставниот поредок во Келн.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top