| четврток, 6 декември 2018 |

Потресни сцени: Колумбиската полиција откри како е спасен еден од шесте преживеани во летот на Чапекоенсе (видео)

Бразилските и колумбиските медиуми со големо внимание ја следат и состојбата на шесте преживеани кои и натаму добиваат медицинска нега по чудото и добиеаната шанса за втор живот.

Ова попладне беше пренесено дека еден од тројцата преживеани фудбалери на Чапекоенсе е во навистина добра состојба и дека ќе биде способен дури да се врати и на фудбалските терени, но покрај ова, многу реакции во јавноста предизвика и ексклузивното видео кое го објави колумбиската полиција, преку кое се доловуваат потресните сцени од трагичниот настан.

erwin-tumiri-300x2002x

Покрај тројцата фудбалери на Чапекоенсе, еден од шесте преживеани е и Ервин Тумури кој ја имал улогата на техничар во кобниот лет, а токму неговото спасување е она што денеска е една од најактуелните теми во Колумбија.

Полицијата успеала да го пронајде свесен Тумури и да го извлече од урнатините на авионот, а на долуприкажаното видео се гледа дека тој е во голем шок кога ги добива прашањата од спасувачите. Полицијата прво го прашува Тумури дали има било какви болки во стомакот или виталните места на телото, а откако Боливиецот им вели дека чувствува само болки во рацете, почнува неговото потресно викање по колегите од екипажот кои го загубија животот во летот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top