| четврток, 6 декември 2018 |

Емотивно: Милошоски се сретна со баба Сина од Крушево (видео)

Носителот на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5, Антонио Милошоски при денешната посета во Крушево, имаше емотивен разговор со една 100-годишна жителка, која од срце ги сака ВМРО и Македонија и гласа за нив.

Таа им посака многу среќа.

– Со сите сили да победиме. Ќе победиме – рече 100-годишната баба Сина од Крушево.

Милошоски видеото го објави на својот Фејсбук профил и напиша: Мажот на крушевчанката Баба Сина лежел четири години на Голи Оток. Таа дома, мајка на пет деца. Сега има 100 години и од срце ги сака ВМРО и Македонија и гласа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top